Спектакуларен концерт: Бајага, Прљаво Казалиште и Ареа во Скопје

Бајага и „Инструкотри“, „Прљаво казалиште“, „Ареа“ и „Деца из воде“ бендот посветен на „Екатерина велика“, на 3 декември во салата „Борис Трајковски“ ќе настапат на првото издание на фестивалот наречен „Сé што ти е потребно е љубовта“, според големиот истоимен хит на „Битлси“.

Настанот кој е во организација на продукциајта „Авалон“ ќе трае речиси шест часа, а секој од групите пректично ќе има соло концерт. Всушност, ова нема да биде фестивалски концепт туку повеќе како целовечерни концерти на четири различни групи.

- По големиот број концерти на големи странски иммиња кои годинава ги организиравме во Македонија и во државите од соседството, конечно на овдешната публика ќе и понудиме еден маратонски концерт за сите генерации, затоа што музиката на Бајага, „Прљаво казалиште“, „Ареа“ и „ЕКВ“, израснаа повеќе генерации - рече Денис Илиоски од прдукцијата „Авалон“.