Спасовски: Не е зголемен криминалот, туку транспарентноста на МВР

Крупните криминални гонења се должат на активноста на службите, а одекот во јавност се должи на нашата заложба да бидеме транспаренти. На прашањето дали ескалираат насилството и тешкиот криминал, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во емисијата „Утрински брифиг“ на „Слободен печат“, истакна дека оваа година има намалување на криминалот во споредба со 2018 година.

Министерот Спасовски го повтори ставот дека и покрај советите од страна на дел од службениците да не дава многу информации, тој се залага за максимална транспарентност.

Околу последната афера како и зошто МВР три дена молчеше за најновата афера со шверцот на кокаин, Спасовски со одговор дека се работи за голема меѓународна акција, а вчера на прес-конференцијата беа објавени и потврдени заеднички информации.

На прашањето зошто се дозволи актерката која е осомничена во аферата да биде снимана со камера додека нејзиниот сопругот беше спроведен без јавност, Спасовски ја префрла одговорноста кај Обвинителство.

-Тоа треба да го прашате Обвинителството- рече Спасовски во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“.