Совети за брачните парови од Мишел Обама

Бракот на Мишел и Барак Обама е еден од омилените бракови на светот. Љубовта и почитта која овие двајца ја имаат еден за друг прави сите луѓе да се топат кога ќе ги видат. Овие лекции за бракот таа еднаш ги сподели со јавноста и не потсети дека и тие двајца се нормални луѓе.

- Не постои ништо што повеќе ја загрозува безбедноста на жената отколку помислата дека друга жена се натпреварува за вниманието и нежноста на нејзиниот сопруг. Нема ништо поболно. Нема ништо што е понепочитувачко и понавредливо.

- Бракот се развива кога парот работи заедно како тим, кога и мажот и жената одлучуваат дека заедничките победи се поважни од тоа да пишуваат цртки за тоа кој направил повеќе. Добрите бракови не паѓаат од небо. Тие се производ на напорна работа.

- Вашите деца ве гледаат и така ги оформуваат своите мислења за љубовта, поврзаноста и бракот. Дајте им надеж. Направете да го сакаат бракот.

- Сопрузи: Причината поради која другите жени изгледаат атрактивно е поради тоа што некој се грижи за нив. Тревата секогаш ќе биде зелена ако ја поливате. Наместо да се лигавите по зелената трева на соседот, работете на својата и полевајте ја редовно. Секој маж може да ужива во погледот на убава жена, но вистински џентлмен ќе ја направи својата жена убава.

- За еден брак да биде успешен не е потребна голема куќа, совршен маж, милион долари или скап автомобил. Можете да ги имате сите овие работи и пак да имате лош брак. Успешниот брак бара искреност, посветеност и безусловна љубов.

- Луѓето со кои ќе се опкружувате ќе имаат големо влијание врз вашиот брак. Пријателите можат да го поддржуваат вашиот брак или да помогнат да се распадне. Избирајте ги мудро.

- Едниот партнер не може сам да го гради бракот, ако другата страна е посветена на тоа да го уништи. Бракот функционира кога и двајцата работат заедно како тим за да го изградат својот брак.

- Не ги земајте вашите сопружници здраво за готово. Не ја злоупотребувајте добрината на вашите партнери. Не ја мешајте лојалноста на вашите партнери со очајност. Не ја злоупотребувајте довербата. На крај ќе се каете затоа што сте изгубиле некој кој толку ви значел.

air max 90 essential sale