Совет до мојата ќерка: Кога ќе дојде време за брак, се надевам дека ќе избереш личност која ќе направи се за тебе

Џулиан Бенфилд е сопруга на војник и мајка на три деца, од кои едно има Даунов синдром. Таа има свој блог на кој пишува за вербата во животот, бракот и родителството. Едно од писмата е посветено на нејзината ќерка.

Драга моја девојко.

Кога зборуваме за бракот, често ги користиме изразите за тоа „и живееле среќно до крајот на животот“. Но, животот не е само поврзан со среќата.

Има многу моменти кои се како сонце во мирна, чиста вода. Ти посакувам како мајка да имаш многу такви денови. Но, вистина е и дека никој не го напушта овој свет а претходно да не пловел во немирни води. А, бракот носи многу такви води кои всушност ја покажуваат нашата љубов и издржливост.

Кога ќе размислуваш за бракот, се надевам дека ќе избереш личност која ќе направи се за тебе, како и ти за него. Се надевам дека ќе најдеш личност која ќе те стави над себе, но и ти дека ќе го направиш истото. Дека ќе пронајдеш некој кој ќе успее да ги прочита и тагата и среќата во твоите очи и ќе знае како да постапи со тебе.

Ако ја пронајдеш таа личност, се надевам дека ќе те сака искрено и силно и дека ќе може да сфати дека те има повредено. И дека еден во друг ќе пронајдете утеха кога ќе биде тешко.

Мила моја, би сакала целиот твој живот да е бајка која ја читаме пред спиење, но животот не е таков. Затоа, се најдам дека ќе најдеш некој кој безусловно ќе те сака и дека ќе можете да се држите за рака и да бидете еден до друг и кога ви се чини дека се се распаѓа.

Ти посакувам да си среќна.