Сообраќајот на патиштата во Македонија се одвива по наместа влажни коловози, информираат утрово од АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.