Сообраќајот по влажни коловози - снег и дожд на повеќе патни правци

Слаб снег кој не се задржува на коловозот има кај Крива Паланка, Страцин, Гостивар, на планинските превои Пресека и Смојмирово, а дожд врне во Дебар, Охрид, Струга, Ресен, Кичево, Македонски Брод, Кочани и Делчево, информираат од ЈП „Македонија пат“.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонија пат“ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.