Сообраќајна (не)култура со тупаници и насилничко однесување во сообраќајот

Едни “маваат“ сеир, а други се запрепастени до каде  е стигната сообрќајната култура во Скопје, а има и такви кои се плашат да не налетаат на насилници кога се во сообраќајот.

Сообраќајниот метеж во главниот град од ден на ден е се поголем, возачите нервозни, а богами и и со кратко фитиљ. Деновиве на социјалните мрежи излезе видео, кое беше превзменемо безмалку од сите интернет портали и претставено на јавноста, како возачите и нивните сопатници се пресметуваат на самиот булевар. Едни “маваат“ сеир, а други се запрепастени до каде  е стигната сообрќајната култура во Скопје, а има и такви кои се плашат да не налетаат на насилници кога се во сообраќајот.

 Која е причината за ваквото однесување на учесниците во овој настан, за јавноста е непозната, но едно е сигурно дека ниту една сообраќајна грешка или одредено инаетење во сообраќајот, не е причина возачите и сопатниците да излезат на булеварот, физички да се пресметаат и како најголеми шерифи да го блокираат сообраќајот. Откако излезе видеото, можеа да се слушнат уште безброј други сведочења за слични пресметки на улиците и булеварите помеѓу возачите и сопатниците. Нашата соговорничка била сведок барем на неколку индиценти кои се случиле пред нејзините очи и како што вели се повеќе нервозни возачи има кои и за најмала ситници подготвени се да излезат од автомобилот и да се пресметаат физички.

-Повеќе од 15 години сум дел од сообраќајот како возач на автомобил и верувајте од година в година се повеќе нервоза има кај возачите. Треба да прифатиме дека бројот на возила е зголемен во главниот град, а со тоа и метежот е многу поголем, но дел од возачите не се ни обидуваат да го прифатат тој факт, туку веднаш бурно реагираат и на најмало препирање во сообраќајот. Повеќе пати сум била сведок кога со автомобил го застануваат другиот возач, излегуваат неколку луѓе и безмилосно го напаѓаат возачот. Последен пат бев сведок како на семафорите кај “Мавровка“ во најголемата гужва кога се враќаме од работа, излегоа три лица и го тупаници го нападнаа возачот. Нападнатиот возачот ниту еднаш не возврати, туку само се обидуваше да се одбрани од насилниците, а иако тоа траеше 2-3 миниту ниту еден возач не излезе да се обиде да ги смири насилниците, туку сите беа само неми посматрачи, раскажува Сања Т.

Ваквите случувања на патиштата единствено на површината ја вадат сообраќајната (не)култура помеѓу возачите во главниот град, а секако тоа треба да не загрижува сите што сме дел од сообраќајот. Се додека неодговорното однесување, нервозата, нетрпеливоста се главни карактеристики на учесниците во сообраќајот ќе бидеме сведоци на вакви немили настани.