Сообраќајка во Скопје, повредени двајца полициски службеници

Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 00,30 часот во скопската населба Автокоманда се случила сообраќајна незгода во која биле повредени двајца полициски службеници.

Според информациите од полициските билтен, утрово во 00.30 час на раскрсницата на ул. “Интернационални бригади“ со ул. “Миодраг Илиќ“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Шкода “, сопственост на МВР и патничко моторно возило „Берлинго“ со скопски регистарски ознаки управувано од А.С.(23) од Скопје.

Со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници и возачот А.С. кои биле пренесени во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.