Сончево и топло време, кон крајот на неделава дожд и снег

Сончево време со мала до умерена облачност и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено изразен вдолж Повардарието и во источните делови.

Утринската температура ќе се движи од -4 до 3 степени, а максималната двена ќе биде во интервал од 12 до 21 степен.

Во Скопје слично време со утринска температура од -4 степени и максимална дневна до 15 степени.

Сончево со мала до умерена облачност и релативно топло време со слаб до умерен ветер од југоисточен правец ќе имаме утре. Минималната утринска температура ќе биде -6 степени, а максималната дневна 19 степени.

Сончевото време ќе се задржи до четврток за кога метеоролозите најавуваат облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец.