Со субвенции до подобри наставници во основно

Владата планира преку нови субвенции да привлече млад и квалитетен кадар кој потоа ќе биде вклучен во основното образование, односно ќе дава средства на студентите кои ќе изичуваат како да станат наставници бидејќи во оваа категорија се потребни подобрувања. 

„На предлог на Министерството за образование и наука, владата ја усвои информацијата за воведување нова стипендија за студенти за наставен кадар за основно образование уште од првата година на студиите во висина од 6000 денари.

Покрај оваа мерка за унапредување на квалитетот на наставните кадри во основното образование, на предлог на МОН Владата ги усвои Програмите за ученичкиот и студентскиот стандард за 2018 година и Програмата за научно-истражувачката дејност за оваа година, како и програмите за изградба и реконструкција на средни и основни училишта“ соопштија од Владата на РМ.

На основното образование му се потребни млади, креативни и современи наставници кои ќе успеат да го задржат вниманието на учениците, да им помогнат во совладување на материјалот и да учествуваат во нивното воспитување од најмала возраст.