Со Скопје Инфо и Халкбанк до ваучер од 1500 денари во Кантина!

Доколку некој рече дека во време на карантин не му недостасуваше дружење со пријателите во кафе-барови и ресторани, тоа најверојатно ќе биде лага!

Затворањето на угостителите со цел да се превенира поголемо ширење на пандемијата со КОВИД-19 веројатно нѐ погоди сите, трпеше нашиот социјален живот, трпеше дружбата, но најмногу трпеа самите угостители кои наместо пролетта да ја дочекаат со полни тераси гости, мораа својот локал да го стават под клуч, што на големо се одрази и на нивниот бизнис.

Свесни за економските последици од корона-кризата кои најмногу ги чувствуваат угостителите, Халкбанк низ повеќе интересни активации на социјалните мрежи за поддршка на нивниот бизнис доделуваат вредносни ваучери за храна или пијалаци кои може да се искористат „одложено“, т.е. по повторното отворање на локалите, а заедно со оваа општествено-одговорна компанија Скопје Инфо на еден наш читател ќе додели ваучер во износ од 1500 денари токму за прекрасниот бар и ресторан Кантина.

Во срцето на Дебар Маало, на ул. Радњанска бр. 4, овој бар-ресторан ќе ви понуди незаборавно доживување. „Исклучителна услуга“, „Пријателски и внимателен персонал“, „Пријатна атмосфера“, „Одлична храна“ се само дел од препораките кои посетителите ги пишуваат на социјалните мрежи на Кантина, а вие несомнено ќе имате прилика повторно да ги доживеете тие искуства штом ресторанот повторно почне со работа.

Како да дојдете до ваучер од 1500 денари?

Сѐ што треба да направите е нашата објава да ја споделите јавно на вашиот Facebook профил со #ВажниСеЛуѓето, да ги тагнете @Halkbank AD Skopje, @Skopjeinfo.mk и @Kantina, а во коментар на овој пост да тагнете најмалку тројца пријатели кои прво би ги однеле на дружење во Кантина.

Ние по случаен избор ќе прогласиме еден победник на 25.05.2020 година. 

Да помогнеме и да ги поддржиме малите бизниси чија дејност не дозволуваше работа во вонредни услови.