Со мурали разубавен просторот околу Универзална сала

По повод 13 Ноември неколкумина уметници со мурали го разубавија просторот околу Универзалната сала во Скопје.

Акцијата за уредувањето на елементите околу Универзална сала е подарок за градот и граѓаните на Скопје по повод 75-годишнината од ослободувањето на Скопје од тимот на Урбаните uметнички акции и Центарот за современи уметности. Муралите се дело на еминентните ликовните уметници од средната генерација Александар Наумовски, Андреј Митевски и Љубиша Камењаров.

„Драго наше Скопје,ти си град кој преживеа невидени катастрофи, ти си град кој секојдневно крвари преку запалените контејнери и матниот загаден Вардар, но ти си и град на илјадници љубови, град на маџирмаалските голуби и чаирските фраери. Ти си единствениот град во кој сме дома. Ти си феникс, ти си нашиот град, ти си градот на солидарноста. Издржи Скопје за нас, за тебе, за следните генерации Скопјани!Те сакаме и секогаш ќе бидеме тука за тебе и во добро и во зло! Среќен роденден, среќни 75 години слобода!“, порачуваат иницијаторите на акцијата.