Сникерс коцки

Потребни состојки:

Маргарин

150гр шеќер

500гр кикирики (300гр мелени, 200гр сецкани)

300гр мелени бисквити

2 јајца

Ванилин шеќер

5 лажици мед

Чоколадна глазура

Начин на подготовка:

Маргаринот и шеќерот полека истопете ги и додадете 300гр мелени кикирики, тргнете од оган и оставете 2 минути да се олади.

Во смесата додадете мелени бисквити, 2 јајца и ванилин шеќер и добро помешајте.

Разлијте на подмачкана тава, смесата да биде околу 2см дебела, намачкајте со 5 лажици истопен мед и посипете со 200гр исецкани кикирики и ставете глазура од чоколадо.