„Снежната кралица“ нова премиера на Тетарот за деца и младинци

Н.У. Театар за деца и младинци-Скопје, во среда премиерно ќе ја изведе претставата „Снежната кралица“ во режија на Драгана Милошевски – Попов, по текст на Билјана Крајчевска.

Катарина Илиевска Силјановска в.д. директор на театарот, на денешната прес-конференцијанајави дека ова е прва претстава во новата сезона на театарот, која се подготвувала темелно и подолго од вообичеано меѓу другото и поради честите гостувањана театрот на меѓународни фестивали.  

Режисерката Милошевски - Попова истакна дека  „Снежната кралица “, е нејзина втора соработка со овој театар по претставта „Пипи долгиот чорап“ од 2010 година, која се уште е на репертоарот на овој театар. Нагласи дека се работи за интересен текст кој нуди своја верзија на основната приказна по бајката на Х.К. Анредсен напишана 1844-45 која била инспирација за многу автори.

- Нашата претстава не ги дели ликовите само на добри и само на лоши туку отвора разни прашања зошто некој лик донесува некаква важна одлука. Сметаме дека во Тетарот за деца немаме право да даваме конечни животни ставови, да наметнуваме нешто туку да ги провоцираме децата да размислуваат на тема што е добро да се направи, а што не, да одлучат сами кој е нивниот пат, а ние како родители сме тука да ги поддржиме. Се обидовме во претсатавата со сите автори да ги научиме децата да размислуваат, да поставуваат прашања за тоа зошто донесуваат одредени потези во животот. Тоа за мене е многу важно во создавање на една театрска претстава за деца, рече Милошевски-Попов.

Авторката на текстот Крајчевска, која е вработена како драматург во Битолскиот театар, истакна дека ова е нејзин прв театарски текст за деца.  

- Детската фантазија е нешто бесконечно и нешто што треба да ни предизвика и кај нас инспирација за да успееме да ја задржиме и да ја продолжиме низ оваа претстава, низ овој текст, низ овој начин на игра. Радосна сум бидејќи овој процес беше одличен за мене, а се надевам и за колегите, и дека со едно заедно истражување со колегите од театарот стигнавме до еден продукт кој се надевам сите ќе ги израдува, вели Крајчевска.

Ана Левајковиќ која ја игра насловната улога, за разлика од нејзините поранешни улоги, овде вели прв пат се јавува во улога на „негативец“.  

- Имавме одлична соработка. Добра екипа сме, грабиме напред. Се надевам дека ќе имаме хит - претстава и дека децата ќе ја засакаат оваа претстава, рече Левајковска.  

Во оваа приказна за силата на пријателство, љубовта и расетњето, улогата на Герда ја игра единствената гостинка Сара Климоска, штотуку дипломиран актер на ФДУ, а Кај ќе го донесе Бојан Кирковски. Во актерската екипа се и Мики Анчевски, Симона Спировска, Емра Куртишова и Мартин Јорданоски. 

Сценографијата е на Кирил Василев, костимограф е Андреј Папаз Ѓоргиевски, а кореографија и сценски движења се на Симона Спировска. Композитор на музиката е Огнен Анастасовски. Илустратор на боенка и постерот кој е специфично решен е Марко Георгиевски.

Инаку последен пат „Снежната кралица“ е поставена на сцената на Театарот за деца и младинци во 2005 година како куклена претстава. Според првиот човек на театрот в.д. директорката Илиевска Силјановска претставта не се задржала многи на репертоарот што според неа се должи на непостоење интерес кај публиката за ваков тип претстави, кои се вели репер за успешни претстави на меѓународни фестивали. Нејзина интенција, во тој контекст, е вели во лседниот педиод да се наврати на куклените претстави.   

Таа најави дека по завршување на подготовските за оваа претстава театарот ќе пристапи кон подготовка на нов проект наменет за младинската сцена инспириран од „Сидарта“ на Хесе во режија на Јане Спасиќ.

Реприза на Снежната кралица ќе се игра ден по премиерата на 30 ноември, а потоа ќе влезе во редовниот репертоар на театарот.