Снежен пејзаж како новогодишна разгледница: Шапка повторно покриена со снег (ФОТО)

Уште не е ни ноември, а ние веќе по третпат имаме снег во нашата земја. Попова Шапка повторно е покриена со бела покривка.

Скијачкиот центар, хотелите, патеките се покриени со снежна покривка од 3-4 сантиметри. Планината полека го добива  својот препознатлив зимски изглед и се наоколу изгледа како снежна бајка.

Како што утринава јавија од УХМР, времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, студено и ветровито, претпладне со повремен локален дожд, претежно во западните и јужните делови, кои повремено ќе бидат со умерен интензитет.На повисоките планини (надморска височина над 1800м) на запад врнежите ќе преминуваат во снег.

Фото: Телеграф