Снег во Македонија: Еве каде вее во моментов

Слаб снег во моментов провејува во кратовско Страцин, но вее и во Тетово, Делчево и Смојмирово. 

На овие места температурата е од 0 до 5 степени.

Меторолозите најавуваат дека до крајот на работната недела ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Утринските температури во поголемиот дел од земјава ќе се спуштат под нулата, а дневните ќе бидат во благ пораст. Во сабота облачноста ќе се зголеми, а на запад ќе започнат врнежи од дожд. Преку ноќта кон недела врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјата. Во недела претежно во западните и источните делови ќе има повремени врнежи од дожд, а понекаде на повисоките места врнежите ќе бидат од снег.