Смачено ми е да го живеам својот живот за другите луѓе, време е да ја покажам својата себичност

Живееме во свет каде се помалку има вистински вредности и во кој себични ги нарекуваме оние луѓе кои навистина не се грижат за другите и мислат само на себеси. Но, тоа не мора да биде така негативен збор, бидејќи понекогаш може да значи и грижа и посветеност кон себеси.

Нема да чекам повеќе

Нема да ги чекам другите луѓе да одлучат дали се среќни за моите одлуки. Ќе донесам одлуки каде сакам да одам, каде сакам да бидам и со кого сакам да бидам. Тие се мои избори и мои одлуки кои треба да ги донесам.

Мој живот, мои правила

Зошто би требало да живеам по нечии туѓи правила? Не морам да ги слушам другите, ниту пак општеството да ми наметнува што сакам да бидам и да постигнам. Ќе играм по мои сопствени правила. Нема да трошам време дозволувајќи нечии туѓи мислења да влијаат на мене повеќе.

Важно е што МЕНЕ ми носи среќа

Поминав многу време следејќи го патот кој ми го определија другите. Нема да го правам тоа повеќе. Ќе го правам она што ми носи среќа и ќе се фокусирам на работите кои ги сакам. Едноставно е, но не го сфаќав тоа досега.

Го заслужувам тоа

Животот е тежок за сите нас. Секој го наоѓа сопствениот начин да ја најде својата среќа. Секој ден носи мали битки кои мораме да ги извојуваме. Јас заслужувам да се грижам за себе, повеќе одошто се грижам за другите луѓе. Заслужувам да дадам се од себе за својата среќа и да го добијам тоа што одамна го посакувам.