Слобода е кога едноставно си среќен затоа што ти си она што си, таму каде што си...

Емоционално балансираниот живот е клучот за сѐ во животот. Само емотивно слободен човек е слободен човек, интелектуалецот кој е заплеткан во своите шеми и конструкции може да знае сѐ, но како битие е блокиран затоа што сѐ му доаѓа од главата. Но, не е сѐ во главата, туку во целото тело. Емотивно блокираното битие блокира сѐ околу себе, додека емоционално ослободеното битие ослободува.

Лутината и поттиснувања со години се наталожуваат во луѓето, се одразуваат на говорот, мислите, начинот на живот и здравјето, сѐ додека човек не го ослободи тоа од себе и во биолошка смисла, не само психичка. 

Емоционалната блокираност создава животна блокираност која се одразува на сите животни аспекта. Кога ќе се ослободиме од тоа стануваме нови луѓе со поинакви погледи на светот и сфаќаме дека сите ситни негативности не биде плод на реалноста, туку последица од несреќните околности кои ни се случиле. А кога ќе ги решиме сопствените проблеми, повеќе немаме потреба да се насладуваме со туѓите проблеми, туку гледаме како да им помогнеме...

Кога бев во пубертет, почнав да се затворам во себе, станав многу тврд, стегнат, несигурен. Имав толку стравови во мене, а тоа го гледам дури сега, што сето тоа водеше кон страшна поттиснатост. Едноставно замолчев! Кога постојано ја голташ болката, таа е обзема, чувствуваш лутина, бес, горчина, а не ни знаеш зошто. Не си во состојба нормално да живееш, ни да зборуваш, ни да се забавуваш, ни да се дружиш, постојано си оптоварен со себеси, бегаш од луѓе и секаде се обидуваш да најдеш решение. Гласот ти е преплашен, телото собрано, мислите расфрлани на сите страни. 

Телото помни сѐ, ако човек е радосен и телото е радосно, живо, раздвижено. Ако човек е преплашен, телото е преплашено. За тоа и служат смеата, играта, танцувањето... Тие не се само некои обични забавни моменти, туку тие го ослободуваат телото, а со самото тоа и психата. Не за да се забавуваме заради забава, туку заради ослободување на поттиснатите чувства. 

Вистинскиот живот започнува кога човек ќе почне да дише и кога ќе почне да зборува со својот внатрешен глас. Кога знае дека она што е во него е посилно од она што е надвор од него. Надворешните успеси и општествените признанија се една работа, но ако човек не се ослободи, сѐ што ќе прави во животот ќе бидат само бегства.

Да се пронајдеш себеси е најголемата привилегија. Да ја пронајдеш својата страст и причината за своето постоење. Додека одиш, разговараш, јадеш, водиш љубов, кога си чист самиот пред себеси, избалансиран како личност до степен што малку работи можат да те потресат, затоа што знаеш дека многу малку работи имаат врска со тебе.

Тоа е идеал, но секако дека не е неостварлив. До таму не се стигнува само со мисли, туку и со промена на начинот на живот кога ќе заплови во радост и ќе се ослободи од сѐ она што е поттиснато во внатрешноста. Тоа е апсолутно возможно и има милион начини како да се оствари тоа, само треба да се откријат и да се применат. Кога човек ќе го одврзе длабоко поттиснатиот емотивен јазол во себе и кога ќе избрка таа неподнослива болка која го даде одвнатре – тогаш започнува вистинскиот живот. 

Така беше во мојот случај. Толку многу работи се насобраа во мене, што секогаш морав одново да им се враќам на моите стравови, но вредеше. Нема ништо поубаво од тоа кога човек ќе се доведе себеси до таа умствена состојба со која може да ги усреќува другите луѓе, без оглед на тоа на каков начин ќе го постигне тоа. Животната енергија не се пренесува со приказни за енергијата, туку кога ќе се почувствува преку дела, низ разговор, па и со самата наша појава. 

Едно е да се зборува, друго е да се прави. Суштината е да се доведеме себеси во состојба на постојана будност и раздвиженост, без оглед на тоа дали се работи за физичка или умствена раздвиженост. Тоа е место каде никој, ама баш никој не може да те фати во својата замка. 

Слобода е кога човек е во состојба цело време да пее со својот внатрешен глас, каде и да е, со кого и да е. Кога со својата убавина ја разоткрива целата грдотија на овој свет, која повеќето интуитивно ја чувствуваат, но не ја забележуваат. Слобода е кога човек е слободен. Слобода е кога едноставно си среќен затоа што ти си она што си, таму каде што си, во времето во кое си!