Следната сабота концерт на Сара Јо во Скопје

Првиот самостоен концерт во Скопје на еден од најауктуелните женски r`n`b` вокали од регионов, Сара Јо ќе се одржи следната сабота на 23-ти ноември во клубот Станица 26. со почеток во 21:00 часот. Сара Јо една од најпопуларните млади пејачки од регионов.

Таа на сцената почна да се пробива како учесник во шоуто “Први глас Србије”, а се проба и во ТВ шоуто “Твоето лице звучи познато”, каде стигна до финалето. Во 2013 година, ја претставуваше србија на “Евровизија”, и тоа како дел од групата Moje 3.