Слабејте секоја недела по 1 килограм

Трошењето на 1000 калории на ден ќе ви овозможи да ослабнете 1 килограм за 1 недела. Тоа е така бидејќи 3,500 калории одговараат на половина килограм телесна маса. Дневен дефицит од 1000 калории ќе води кон сума од 7,000 калории за една недела. Најдобар начин за да ја постигнете целта е да направите прилагодувања на исхраната и да почнете да вежбате.

Чекор број 1

Водете сметка за внесените калории во текот на денот. Вклучете ги калориите од храната но и од течностите. Намалете го бројот што ќе го добиете за 500 калории. На пример, ако внесувате 2,300 калории, тој број намалете го на 1,800.

Чекор број 2

Поделете го бројот на калории со 6 и јадете исто толку оброци на ден. Ова ќе го држи Вашиот апетит под контрола, а метаболизмот ќе работи со полна пареа. Комбинирајте протеини и комплексни јаглехидрати и одбирајте продукти кои се богати со нутритиенти, како риба, овошје, зеленчук, мешункасто овошје, грав и семиња. Една банана со половина рака лешници е пример за оброк. Имајте го првиот оброк веднаш откако ќе станете а наредните оброци земајте ги на секои 2 до 3 часа.

Чекор број 3

Изведувајте вежби по Ваш избор со кои ќе согорувате по 500 калории на ден. Одберете вежба која ќе ја сакате и за која ќе знаете дека секој ден можете да ја практикувате.

Чекор број 4

Вежбајте неколку пати на ден, ако е тоа можно. На пример, ако тежите 100 килограми и како вежба одберете трчање со темпо од 10км/ч во времетраење од половина час, тогаш ќе согорите 450 калории. Додајте уште 10 минути трчање на крајот од денот за да се акумулира резултатот.

Совети и предупредувања

Во чекорот број 4, 10-те минути се само пример. Ако тежите 100 кг, десетминутното вежбање ќе ви согори повеќе од 50 калории. Ако сте навистина притиснати со времето, тогаш можете да вежбате на повеќе наврати но помалку време, наместо сите вежби да ги направите наеднаш.

Колку понапорно вежбате толку повеќе калории ќе согорувате. Ако сакате да направите и некоја инвестиција, тогаш земете справа која ќе ги мери и потрошените калории. Ова е одличен начин точно да бележите колку калории трошите со вежбањето.