Скулптура која ја симболизира празнината на човекот кој остава сѐ зад себе...

Многумина луѓе ширум светот се принудени да ја напуштат својата земја во желба и надеж за подобар живот за себе и своето семејство. Сите мислат дека тоа е лесна работа, но потребна е многу голема сила за да се направи тоа и нималку не е лесно, ниту едноставно. 

Многу е тешко да се напушти родната грутка и огништето и таа емотивна празнина ретко што ја пополнува. Некои се снаоѓаат малку полесно, некои потешко, но сепак сите минуваат низ тешки периоди.

Францускиот уметник Франсес Бруно Катаљано создава прекрасни и нереални скулптури кои ја симболизираат празнината која се создава во човекот кога е присилен да ја напушти својата земја, својот живот, своите пријатели, без оглед на причината. Погледнете една од тие моќни скулптури.