Скопскиот роматичар со скршено срце

Се заљубив. Ти беше сé што не сум видел и сé што сакав да бидам во животот. Кога си го враќам филмот, ми доаѓа сликата како ти седиш на мојот стар велосипед и се возиме низ Градскиот парк.

Фото: М.Пенева

Правев шеги дека подобар е мојот велосипед отколку некоја скапа кола, но набрзо се враќав во реланоста гледајќи те како срамежливо ми трепкаш.Се обидував упорно  да ги одбивам сигналите дека потекнуваме од два различни света и не можеме да се најдеме на средината.

Ти одеше на одмор и скијање јас останував во моето маало седјќи на клупа со другрите. Немав пари да те однесам на скапи вечери во луксузни ресторани.Ме канеше на забави каде се чуствував непожелно бидејќи бев различен.Она што можев да ти го понудам беше само љубов, верност, ѕвездите на Водно и прошетка низ парк.

Твото друштво ме одбегнуваше, а твоите родители сметаа дека ништо добро нема да излезе од нас. Кој сака да пие евтино, наместо скапо вино? И така останав сам, знаејќи дека не можам да ти дадам сé што посакуваш во животот.Повреден сум од со сознанието дека тоа ти е побитно од љубовта.