Скопска забава во чест на диџеј Бабура

На 1 септември во клубот „Butler“ во Скопје ќе се одржи колективна диџеј журка во чест на починатиот диџеј Бабура. Скопјaни, после полноќ, ќе можат да се потсетат на добрите диџеј забави и легендарните журки.

„Човекот кој што ја живееше електронската музика, а неговите сетови беа масовно уживање. За забавата ќе се погрижат пријателите на диџеј Бабура„ велат организаторите.

Диџеј Бабура , или Љупчо Петровски беше урбан скопски лик и еден од диџеите за чие име се врзуваат речиси сите скопки забваи. Тој почина зимата пред две години, а зад себе ги остави сопругата Елена и синовите Јаков и Јоаким.