Скопска сообраќајна култура: Удрил возило и избегал

Негативните примери на сообраќајна култура во Скопје се нешто што секојдневно го гледаме, а последниот во низата доаѓа од скопската општина Центар каде несовесен возач удрил паркирано возило и си заминал.

Оштетениот сопственик преку социјалните мрежи бара помош доколку некој го видел сторителот да му помогне.