Скопје руши рекорди во загаденост на воздухот

Вчера вечерта загаденоста во Македонија беше на екстремно ниво. На прво место беше скопската населба Лисиче. ПМ 10 честичките се искачија на рекордни 963 микрограми на метар кубен.

Мерните станици за квалитет на воздухот кои се поставени ширум земјава покажуваа дека загадувањето беше енормно насекаде. Денеска, како и обично, ветерот е спасител на скопјани.