Скопје: Разбојници со нож му приредиле хорор на дете

Околу 22 часот и 50 минути на булеварот „Кочо Рацин“, во близина на О.У. „Димитар Миладинов“ во Скопје, три непознати лица извршиле разбојништво врз петнаесетгодишник.

Според податоците од полицијата, насилниците му одзеле мобилен телефон. Сторителите се доближиле до него, го фатиле за рака и го турнале, и со закана со нож му го одзеле мобилниот телефон. Полицијата превзема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.