Скопје подготвено за одржување на УЕФА Супер Купот 2017

Градот Скопје со низа активности се подготвуваше да ги пречека  туристите што ќе го посетат градот за Суперкупо. Деновиве и скопското Кале ќе светне во сината боја на Супер Купот.


-ФФМ ќе ја координира „Трофеј турата“ и во повеќе места во Македонија ќе бидат претставени највредните пехари на УЕФА, на Лигата на шампионите, Лигата на Европа и секако на Супер купот. Турнејата ќе почне на 1 август и во наредните неколку денови пехарите ќе бидат изложени во 9 градови во Македонија, односно  до 8 август истите ќе бидат изложени во Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Неготино, Струмица, Штип, Куманово и Скопје. Покрај ова, ФФМ ќе организира и голем број натпревари за најмладите фанови, кои ќе се одржуваат на мини терени што ќе бидат поставени во градовите каде што ќе бидат изложени пехарите, изјави портпаролот на ФФМ Златко Андоновски.

Градот и преку промотивно видео ќе се претстави пред туристите, канејќи ги на вкусен ајвар, силно кафе и чај низ Скопската чаршија....

-Изминатиов период Градот Скопје преку своите јавни претпријатија активно работеше на исполнување на овие барања и стандарди, на подобрување на изгледот и хигиената во Скопје. Покрај овие активности, Градот Скопје изработи промотивно видео на англиски јазик чија цел ќе биде информирање на туристите и промовирање на убавините на Скопје. Воедно, ова е видео коешто ја покажува гостопримливоста на градот во пресрет на овој голем спортски настан, а изработени се и информативни брошури за Скопје на повеќе јазици – кажа градоначалникот Трајановски.

Трајановски повторно апелираше до хотелиерите да не оставаат лоша слика за градот, со откажување на резервациите за хотелско сместување и повторно нудење по екстремно високи цени.