Скопје остана без полиција - СДСМ прави хаос во МВР

 

Во моментов Директорот на Бирото за јавна безбедност нема овластување да издаде наредба за акција на припадниците на специјалните единици, дури ниту во ситуација кога би имало киднапирање на дете или пак терористичка закана. Последната телеграма на техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски комплетно го блокираше Министерството.

Извори од МВР велат дека одлуката на Спасовски е незаконска и многу штетна. Според нив, таа може да биде сфатена и како повик од некои криминално-терористички структури бидејќи го става безбедносниот систем во ранлива позиција. За ситуацијата да биде уште полоша, говори податокот дека полицијата не може да приведе ниту едно осомничено лице без одобрение на Министерот.

Кадри кои со години работат во Министерството за внатрешни работи велат дека вакво нешто никогаш не се случило во полицијата. Според нив, со ова се покажува дека Спасовски воопшто нема познавања во областа на безбедноста и полициското работење што може да нанесе огромна штета на граѓаните на Македонија.

Според познавачите ваквата состојба во држава може да биде сериозна причина за криминал и хаос на улиците. Тоа е логичен епилог на состојба во која не функционираат полициските единици.