Скопје како трговски центар во минатото

Со спроведувањето на политичката граница по ослободувањето на така наречена Јужна Србија, во чии рамки спаѓало и Скопје, почнува да се формира сосем нов самостоен стопански живот во градот, а и пошироко во Македонија.

Градот постепено станал центар на независен и целосен промет. Трговци од повеќе северни краишта доаѓале во Скопје за снабдување со трговски артикли. Значаен дел од производите бил добредојден во скопското стопанство, а градот за многу краток период се претворил во еден од поголемите трговски центри. 

Скопскиот градоначалник Спиро Хаџи Ристиќ, забележал: “.. Скопје од обична касаба се претвори во модерен европски град кој од 40.000 жители, прерасна во град со 80.000 жители. Само за период од десет години, во 1928 година, Скопје економски напредувал така што за Солун станал тоа што Лион претставувал за Марсеј. Населението од Јужна Србија доаѓало на пазар во Скопје.  По 1920 година стопанскиот, трговскиот и културниот живот во Скопје се развивал со полна пареа. Во градот имало над 30 индустриски претпријатија, над 2.000 трговски работилници, се одвивала извозна и увозна, а со тоа и транзитна трговија, а се појавиле и многубројни шпедитерски фирми.

Кон крајот на 1930 година во градот имало 2.000 трговски дуќани, 40 поголеми индустриски претпријатија, 67 занаетчиски еснафи итн.

Со оглед на големата конкуренција на трговијата со соседните поразвиени држави (Грција, Турција и други), умешноста, снаодливоста и штедливоста на скопските трговци придонела за изградбата на целосна стопанска самостојност на градот. Трговците биле организирани и имале свои барања.