Скопје и Тирана: Кој како се справува со епидемијата од коронавирус

Фотографиите кои стигнуваат од Тирана, главниот град на соседна Албанија, говорат за сосема поинакви мерки за безбедност кога е во прашање епидемијата од коронавирус, но, исто така говорат и за начинот на почитување на тие мерки од страна на жителите на градот.

Пред сите поголеми локали и институции исцртани или залепени се маркери на околу два метри одалеченост каде што јасно се дава показател каде треба да се чека ред. Исто така, на повеќе прометни места, пред се тротоари и околу крстосници ставени се рампи каде што се дезинфецираат лицата кои поминуваат низ нив.

Во Скопје пак, а и во другите наши градови, сведоци сме на сосема поинакво однесување а за што говорат многуте фотографии каде што пред банките, во маркетите, автобуските постојки а и во самите автобуси гледаме гужви, луѓе натискани едни до други.

Колку за потсетување изминатиов период слични рампи, но за дезинфекција само на автомобили, беа поставени во неколку градови во државава од кои едниот во Куманово уште првата ноќ беше украден.