Скопје и Куманово лидери во црната статистика: По колку заразени од корона вирус има во македонските градови?

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1921, бројката на оздравени пациенти е 1387, на починати е 112, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 422. Последната дистрибуција по градови е:

Скопје – 685, активни 178,  Куманово – 423, активни 27, Дебар – 51, активни 0, Штип-38, активни 3, Прилеп –206, активни 56, Тетово – 165, активни 76, Струга – 71, активни 4, Велес – 127, активни 49, Битола –28, активни 9, Охрид –21, активни 6.

Кавадарци – 5, активни 0 , Гостивар –21, активни 4, Гевгелија – 4, активни 0, Струмица – 3, активни 1, Крива Паланка- 6, активни 1, Радовиш – 4, активни 0, Крушево – 3, активни 0, Кочани – 31, активни 0, Пробиштип – 2, активни 0, Кичево – 2, активни 0, Неготино -10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, активни 0, Македонски Брод – 2, активни 0, Пехчево- 3, активни 1, Делчево-1, активни 0, Валандово -1, активни 0, Виница – 3, активни 1, Кратово-2, активни 1, Берово-1, активни 1, Свети Николе-1, активни 1.