Скопјанка посвоила две деца: Не можевме да бидеме родители, па се одлучивме на овој чекор

Брачен пар од Скопје дваесет години се мачел за да добие дете. Но, и покрај големите напорни, сепак лекарите не им давале никогаш надеж дека можат еден ден да станат родители. Но, никогаш не се откажале, и денеска навистина ја имаат таа функција и уживаат со своите дечиња.

Откако се помириле со фактот дека тие нема да можат да имаат свои биолошки деца, се одлучиле да посвојат. Но, и тоа не било така лесно. Чекале со години да им дадат дете. Во моментот, кога се откажале, среќата им се насмвнала.

И не само едно, денеска имаат две посвоени деца. Имаат две ќеркички, со кои се гордеат секој ден се повеќе и повеќе.

-Едно да го родев јас, немаше толку да личи на мене во карактер. А другото е целосно како сопругот.Не е битно кој ги раѓа, туку кој ги воспитува. Тоа се деца на кои ќе им ги дадам најубавите услови во животот што може да си ги дозволам. Господ златен ни даде две прекрасни ангелчиња, кои ни го покажуваат патот напред и ни ја даваат смислата на живот. Јас сега тврдам дека не е важно дали можеш да родиш или не, најважно е да ги направиш да бидат луѓе. А, тоа е најтешката задача во животот, раскажува мајката.

Тешко е кога ќе дознаеш дека не можеш да имаш свои деца, но деца родени од некој друг и оставени на улица можат да ти дадат смисла на животот, ти ним им даваш шанса за подобар живот.

Апелираме до сите брачни парови, кои ја имаат како нашата приказна, да не можат да имаат свои билошки деца, да не дозволат да бидат сами цел живот.