Индексот на просечната исплатена нетоплата по вработен во 2016 година, во однос на 2015 година, изнесува 102.0. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната исплатена нетоплата по вработен во: Полошки регион (4,2%), во Југоисточен регион (3,3% ) и во Источен регион (2,6%).
Според податоците во последната публикација за регионоте во Македонија која ја објави Државниот завод за статистика, највисок просек на исплатена нетоплата по вработен за 2016 година, во однос на вкупниот просек во Република Македонија, е забележан во Скопскиот регион (17,5%), а најнизок просек на исплатена нетоплата по вработен за 2016 година, во однос на вкупниот просек во Република Македонија, е забележан во Источниот регион (25,3%).