Скопјани се мачат да најдат возило - намален е бројот на таксисти

Такси превозот во Скопје е пред колапс. Голем број диви таксисти, лоши услови за работа, големите давачки и појавата на нови компании, кои исто така сега пропаѓаат, доведе до тоа голем број таксисти да престанат да работат. Особено навечер не може да се најде слободна кола.

„Граѓаните се мачат да најдат возило оти намален е бројот на таксисти, многу од таксистите се откажуваат. Такси превозот е дојден до колапс. Плаќаме висок персонален данок и други давачки и за нас останува многу малку, па не се исплати да возиш, велат таксистите,, 

Поради големиот број откази, сега се намалени и стандардите. Граѓаните се жалат на валкани и стари возила, таксисти кои пушат додека возат патници.