Скопјани револтирани: Со години траат уличните реконструкции

Во моментов градежни работи се извршуваат на булевар Христијан Тодоровски Карпош, Босна и Херцеговина, булевар Никола Карев и реконструкција на дел од улица Борис Сарафов.

Булеварот Босна и Херцеговина започна да се гради во септември 2018 години, и се уште не е завршен. Тамошните жители се жалат, веќе две години газат по кал. 

Граѓаните реагираат и се нервираат поради застојот во сообраќајот. 

-Ние не сме против санација на улиците, но сепак треба да има некаков план, состојбата е хаотична, не се знае кој каде вози, нема соодветни табли, за да отидеш на работа треба да пешачиш и по 20 минути до најблиската автобуска постојка, ова не се прави на овој начин, мора да има поголема организираност – вели револтиран граѓанин.