Скопјани колабираа и на улица, на тропски 36 степени во мај

Зголемен е и бројот на повици поради психичките растројства кај граѓаните. Оваа промена на времето влијае на сите нас, а најмногу на хронично болните, затоа и тие треба особено да внимаваат.

Од утринава досега, односно за шест  часа, имавме  околу 50ина интервенции - изјави д-р Милица Бубало, раководителка на Службата за итна медицинска помош.

Невообичаеното жешко време, со тропски 36 степени Целизусови во средината на мај , предизвика колапс на неколкумина скопјани и на градските улици, по што интервенирале екипи од Службата за итна медицинска помош.  За само шест часа екипите на скопската Брза помош денеска до 13 часот одговориле на повеќе од 50 итни повици на граѓаните.

– Денеска има зголемен број на повици од граѓаните, најчесто поканите се поради колапси – паднати луѓе на улица, сообраќајки,  но и поради зголемен крвен притисок, а има и влошување на состојбата кај  хронично болните лица. Исто така, зголемен е и бројот на повици поради психичките  растројства кај граѓаните. Оваа промена на времето влијае на сите нас, а најмногу на хронично болните, затоа и тие треба особено да внимаваат. Од утринава досега, односно за шест  часа, имавме  околу 50ина интервенции – изјави д-р Милица Бубало, раководителка на Службата за итна медицинска помош при  Здравствениот дом – Скопје.

izvor - plusinfo.mk