Скопјанец завршил во полиција: Украл возило и нападнал полицаец

Министерството за внатрешни работи денес информираше дека вчера, полициски службеници го привеле О.А. (29) од  Скопје поради извршена кражба на возило. Веднаш по добиена пријава од Е.К. Г. (33) дека во близина на трговски центар во Скопје му е одземено возило „БМВ Х5“, преземени се соодветни мерки и возилото е сопрено на крстосница од ул.„Жан Жорес“ со ул.

„Благоја Стефковски“, а О.А. е приведен. При приведувањето О.А: физички нападнал полициски службеници, но бил приведен во ПС Гази Баба и против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.