Скопјанец во шок: Стана милионер на џек пот од лотарија

Освоивте МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ вреден 1.386.925,00. Ова осамна на екранот кај деловниот соработник на Државна виделотарија на РМ, клубот Сенатор, во скопски Ѓорче Петров.

Со ова беше означен среќниот момент на Милионер Џек пот добивката, која овојпат е поголема од првиот износ.

-Среќниот играч сумата ја освои во четвтрокот на 23.06.16. Фондот на МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ повторно се полни, па наскоро очекуваме и трет милионер во Македонија, добитник на МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ, велат од Државна лотарија.

Првиот милионер, среќниот добитник на МИЛИОНЕР ЏЕК, беше скопјанецот Ивица А, кој освои добивка вредна 1.344.472,00 денари, на 15 јуни.