Скопјанец уапсен во Тетово, ја загрозил безбедноста на сопругата

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 18.20 часот на ул.„Љуботенска“ во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.П.(36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ врз својата сопруга со која бил во бракоразводна  постапка.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, стои во полицискиот билтен.