Скопјанец со вжештена маша ја тепал мајка си додека не се онесвестила

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 50-годишниот П.А. од Скопје за убиство во обид. Во периодот од март до април 2017 година насилникот според податоците од полицијата, секојдневно психички и физички ја малтретирал неговата 79-годишна мајка со која заедно живееле. 

На 11. месецов П.А. со употреба на физичка сила и вжештена маша и нанел повеќе удари по главата и телото од кои мајката паднала во бесознание и во критична состојба била пренесена во болница.

Од страна на Судија на претходна постапка на П.А. му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.