Скопјанец со мотор удрил тригодишно девојче

Вчера во 13.15 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„Марко Крале“ и ул.„Хо Ши Мин“ во Скопје, мопед „априлија рели“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.Б.(37) од Скопје, удрил во тригодишно девојче кое возело тротинет.

По незгодата, детето било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје, стои во соопшението од МВР.