Скопјанец си пукал во нога со пиштол за кој немал дозвола

Вчера во 17.30 часот во Клиничката болница Тетово бил донесен повреден Б.Ј.(26) од с.Буковиќ, скопско.

Според пријавеното, тој се самоповредил во пределот на ногата со пиштол што го поседувал без дозвола.

Се работи на расчистување на случајот.