Скопјанец пронајден мртов во својот стан во Козле

Претпладне околу 11 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во домот на ул. „Ловќенска“ во Скопје, бил пронајден починат Б.С. (40). Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.