Скопјанец пронајден мртов на улица во Маџари

Во неделата попладне во СВР Скопје било пријавено дека на ул. ,,Среќко Пужалка“, нас. Маџари, пронајден е А.А. (54) од Скопје, починат, без траги на насилство, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.