СВР Скопје поднесе кривична пријава против Х.Р. (39) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.
Пријавениот влегол во зграда и со употреба на погоден предмет влегол во канцеларите на Тутунски Комбинат АД Прилеп и три адвокатски канцеларии и одзел 100 кутии цигари, лап топ компјутер, четири електрични тротинети, фотоапарат и други предмети, со што се стекнал со противправна имотна корист во износ од 387.700 денари.
Притоа предизвикал и материјална штета од 12.000 денари.