Сѐ уште гори кај Македонски Брод

Огнот што вчера зафати подрачје во кањонот Матка е локализиран пред да ги зафати површините кај скопското село Шишево. Во локализирањето на огнените стихии се вклучени и единиците на Арм со два хеликоптери како и канадерите од Турција и Бугарија.

Сѐ уште не е локализиран пожарот кај Македонски Брод, најопасно е кај село Требовље, а гори во атарот на селото Растеш кај месноста Лутоец.

Огнот што вчера зафати подрачје во кањонот Матка е локализиран пред да ги зафати површините кај скопското село Шишево. Во локализирањето на огнените стихии се вклучени и единиците на Арм со два хеликоптери како и канадерите од Турција и Бугарија. 

Некои од пожарите се подметнати, како оној на Матка, од комерцијални причини, тврдат во Дирекцијата за заштита и спасување.

Високите температури ќе се задржат до наредниот четврток при што живата во термометрот ќе достигне 42 степени, најавуваат од УХМР, по што се очекува одредено освежување.