Сѐ е во ред со твојот живот

Сѐ е во ред. Сѐ е во ред во врска со тебе. Сѐ е во ред со твојот живот. И внатре во тебе сѐ е во ред. 

Во ред е и да се налутиш, па и да опцуеш, во ред е да сакаш понекогаш да побегнеш од сѐ. 

Немој да се лутиш на себеси затоа што се лутиш, затоа што не блескаш со позитивна енергија и така не си во мода. 

Со тоа само губиш скапоцена енергија.

Наместо тоа, насочи ја својата енергија кон конструктивни работи, насочи го тој вишок енергија кон нешто што вреди.

Понекогаш се чувствуваш добро, понекогаш лошо. Тоа е живот.

Животот е како градина. Има многу цвеќиња, но има и трња. Прифати ги работите онака како што ти доаѓаат, бидејќи сѐ е дел од поширока слика и сѐ има смисла. 

Остави работите да течат природно, лесно и опуштено.

Прифати ги работите кои доаѓаат и продолжи понатаму.

Само немој да заглавиш на едно место, биди како водата, водата секогаш го пронаоѓа својот пат...