Сѐ додека постои радост во срцето, постои причина да се сака животот...

Сѐ додека постои радост во срцето, постои причина да се сака животот. Понекогаш околностите нѐ кршат, па во моментот ја губиме таа радост. Но, животот ни сервира тешкотии и препреки сѐ додека не го скрши отпорот во нас, сѐ додека не нѐ натера да се прифатиме себеси онакви какви што сме и да прифатиме сѐ што доаѓа во нашиот живот. И да научиме да се анализираме себеси, да видиме како животот се подигрува со нас, да набљудуваме како сѐ се руши, распаѓа, како исчезнува, како исчезнува нашата гордост, суета, љубомора, како исчезнува отпорот кон сѐ.

И додека сето тоа исчезнува, чекор по чекор почнуваме да прифаќаме сѐ, губиме одредени делови од себеси, а откриваме некои сосема нови. Како да стануваме имуни на сѐ, сѐ одрекнуваме од сѐ, умира еден дел од душата, но истовремено и одново се раѓаме. 

Сѐ што некогаш ни било важно, сега губи вредност за нас, во нашите очи и срце. Сега повеќе ништо не мораме, можеме, но и не мораме, избираме да го правиме она што го сакаме, да го мислиме она што го сакаме, одбираме да се чувствуваме убаво. Оставаме сѐ да си тече по својот тек, ги прифаќаме луѓето такви какви што се, не менуваме никого, едноставно сѐ си доаѓа на свое место. 

Во сето тоа добиваш нешто сосема ново, добиваш свесност и мир, таа свесност и будност му даваат на тој мир некаква посебност, ја гледаш длабочината, гледаш толку многу работи, но ништо не те допира. Ги гледаш погледите и мислите зад нив, но повеќе не те погодуваат туѓите мисли, затоа што суштината е плитка и тие мисли се само површни.

Некои мисли стануваат гласни, некои сосема тивки, луѓето се преокупираат со непотребни мисли кои ги истоштуваат до изменоштеност. Сфаќаш дека мораше да поминеш низ сето ова само за да дојдеш до себе, дека сето тоа било неопходно, таа болка и тоа страдање биле драгоцени, преку нив успеа да видиш што е реално, а што не е.

И така во срцето ти се вгнездува благодарност, затоа што дури сега го сфаќаш големиот план на Бог и си поблиску до него. Не ти треба ничие објаснување, ниту потврда, сѐ што те интересира го наоѓаш во себеси, секако дека не се затвораш за комуникација со луѓето, но сепак на крај во себе ја наоѓаш вистината.

Сѐ повеќе се потпираш на говорот на своето срце и сѐ повеќе ти годи таа комуникација, со тишината, во мир, со љубов, со Бог...