Сите секогаш се занимаваат со нешто, но најмалку со себе...

Сите секогаш се занимаваат со нешто, но најмалку со себе.

За жал, премногу се занимаваме со изгледот, парите, меѓусебната конкуренција и некакво себедокажување. 

Толку малку се занимаваме со сиромаштијата, гладните луѓе, љубезноста и добрината кон другите. 

Не сме ни свесни колку мали деца секојдневно умираат затоа што немаат што да јадат, колку луѓе го загубиле животот од оружје кое луѓето го создаваат, заради војни кои ние луѓето ги почнуваме. 

Премногу сме моќни за моќ, а премалку се сакаме.

Ја уништуваме нашата прекрасна природа, самите на себеси си го одземаме воздухот. Ден по ден и така со години. 

Кога светот би се обединил и кога би делувал од љубов, сето тоа би го имало во многу помала мера. 

И тогаш се прашувам? Кон што води сето ова? Самите ќе се доведеме до колапс?

Ајде да се промениме себеси и да престанеме да бидеме толку себични.