Сите бенефити на една чаша топла вода

Уште старите Кинези знаеле зошто е важна топлата вода за нашето здравје.

Помага при слабеење

Нема да изгубите килограми поради топлата вода, но таа може да помогне во таквиот процес. Нутриционистката Кара Волш тврди дека чаша топла вода со лимон го забрзува метаболизмот, поради што и самото тело троши повеќе калории.

Пиењето топла вода дополнително го чисти системот за варење и ја спречува надуеноста.

Ги чисти синусите

Чаша топла вода може да помогне кај инфекциите на горниот систем за дишење. Таа ги чисти и отвора дишните патишта, а поради топлината доаѓа до брзо чистење на слузата. Температурата на течноста која ја пиеме влијае и на симптомите на настинка.

Помага за забите

Стоматолозите често истакнуваат дека топлата вода е подобар избор за здравјето на забите и протетиката. Белите пломби се собираат од студената вода и на тој начин брзо се одвојуваат од забите, истакнува др. Санди Молдован.

Сепак, треба да се биде внимателен, се препорачува вода на собна температура, а не претопла.

Одлична за крвоток 

Топлата вода ги шири крвните садови и го забрзува протокот на крвта.

Чистење на токсините

Топлата вода предизвикува потење, а тоа значи и исфрлање на штетните супстанци од телото. Ако пиете топла вода секој ден и во неа додадете малку лимон, ќе воспоставите рамнотежа во телото.